Ѓуровски го објави прелиминарниот список за дуелите со Кина

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентацијата Бошко Ѓуровски денеска го објави прелиминарниот список на фудбалери на кои ќе смета за двата контролни натпревари против селекцијата на Кина. Првиот натпревар се игра на 18 јуни во Шенјанг, а вториот на 22 јуни во Јинан.

На првичниот список на нашиот селектор се следните фудбалери:

Голмани: Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт) и Андреја Ефремов (Металург).

Одбрана: Ѓоко Зајков (Работнички), Александар Дамчевски (Черноморец) Горан Сиљановски (Работнички), Владица Брдаровски (Пелисте) Абдула Џелил (Еуромилк) и Адриан Цуцули (Шкендија).

Среден ред: Нијас Лена (Фљамуртари), Дарко Велковски (Работнички), Бесмир Бојку (Македонија Ѓ.П.), Ристе Маркоски (Брегалница), Марјан Радески (Металург), Благоја Љамчевски (Вардар), Благоја Тодоровски (Работнички), Бојан Најденов (Хоризонт Турново) и Кире Маркоски (Работнички).

Напад: Борче Маневски (Работнички), Тауљан Сулејманов (Работнички), Марко Симоновски (Металург), Даниел Аврамовски (Работнички) и Баже Илијоски (Работнички).

– Сакаме да добиеме вистинска слика за играчите од домашниот шампионат, интензивно следиме неколкумина од нив веќе некое време, а дуелите против Кина ќе ни потврдат дали имаат квалитет вистински да се наметнат во репрезентацијата. Ќе сметаме на 21 или 22 фудбалери кои ќе патуваат во Кина. И пред турнејата во Австрија и Италија рековме дека резултатот не е најголем приоритет, главниот наш фокус е да ја добиеме вистинската слика за играчите кои добиваат шанса да се наметнат, а потоа и да бидат дел од составот кои ќе го носи товарот во важните натпревари од квалификациите за Европското првенство, изјави селекторот Ѓуровски за веб сајтот на ФФМ.

Собирот на репрезентативците е закажан за 10 јуни. Вкупно осум тренинзи ќе одработат фудбалерите пред патувањето за Кина на 15 јуни.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска