Французинот Франк Рибери нема да игра на Светското првенство во Бразил поради повреда на грбот.
Селекторот на „триколорите“, Дидие Дешамп денеска на прес-конференција потврди дека Рибери не е во можност да игра.
„Рибери утринава застана за време на трчањето. Сега не може ни да тренира. Тестовите покажаа дека неговата повреда се влошила и тој не е во состојба да игра“, изјави Дешамп.