Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард денеска изјави дека не е кандидат за претседател на Европската комисија.
На прес-конференција во Лондон таа истакна дека не е кандидат за оваа функција, а една од причините е дека веќе „има работа која е многу важна во овој момент“.
Лагард нагласи дека Велика Британија претходно ја поддржила нејзината кандидатура за шеф на ММФ и планира да го заврши мандатот на чело на оваа меѓународна организација.