Пред точно три години, беше убиен Мартин Нешкоски. Убиството го изврши Игор Спасов, припадник на специјалните полициски сили „Тигри“ а убиството се случи на скопскиот плоштад за време на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори во 2011-та година.
Неговото убиство предизвика масовни граѓански протести. За смртта на Мартин, Спасов беше осуден на 14 години затвор.
„Изминаа три години од убиството на Мартин Нешкоски. Три години неправди поради убиство од страна на обезбедувањето на Груевски. Три години неправди од страна на институциите во Македонија. Три години молк што ќе не кошта сите… Правда за Мартин, слобода за сите!!!“, напиша денеска Александар Нешкоски, брат на Мартин, на својот профил на Фејсбук.