Прва заедничка вежба на јужнокорејската и американската армија на територија на САД

Од:

Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека од 9. јуни до први јули припадници на армијата на оваа држава првпат ќе имаат заедничка воена вежба со армијата на САД на американска територија.

Во воениот камп „Форт Ирвин’’ во Калифорнија заедно со американските војници ќе бидат еден механизиран баталјон и единица од 170 припадници на специјалните сили.

Сите досегашни заеднички вежби на припадниците на армиите на Јужна Кореја и САД се одржуваа на Корејскиот полуостров.

Аналитичарите на односите меѓу Северна и Јужна Кореја сметаат дека претстојните воени вежби на територијата на САД ќе предизвикаат големо незадоволство во Северна Кореја. Не се исклучува можноста, токму во време на одржувањето на овие вежби од страна на Пјонгјанг, како одговор  да се демонстрира и воената моќ на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД