Ахмети: Не сме далеку од решение и компромис за спорот со името со Грција

Од:

Актуелниот претседател на ДУИ Али Ахмети доби уште еден четиригодишен мандат за да остане на чело на партијата.

Ахмети го поддржаа 657 делегати, колку што присуствуваа на денешниот трет конгрес на партијата што се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

Во својот едночасовен говор по изборот, Ахмети ја оцени евроатлантската интеграција на државата како врвен приоритет што ќе гарантира мир, стабилност, добри меѓуетнички односи и економски напредок.

– Значително ќе се ангажираме на септемврискиот самит на НАТО да се случат добри работи за нас. Се повлековме од една значајна точка околу употребата на јазиците за да се насочиме за овие процеси. Не сме далеку од решение и компромис околу спорот со името со Грција, но за тоа ни е потребен решавачки ангажман на меѓународната заедница и постигнување на етнички консензус со нашите партнери во земјата, изјави Ахмети.

Тој го повтори нивниот предлог за консензуален претседател како можност за нова клима во меѓуетничките односи.

– Сметавме дека претседател треба да биде личност што спојува и влијае позитивно на помирувањето во општетството. За жал, ова не се случи, но пораката беше примена и од домашната јавност, од Вашингтон и од Брисел дека Албанците сакаат оваа земја да оди напред и да живее во внатрешна хармонија, што ќе значи дефинитивно помирување на двете најголеми заедници, Македониците и Албанците, рече Ахмети.

Според него, Македонија сега е држава со две одвоени општества, што не е добро. Ахмети рече дека ДУИ нема да отстапи од идејата за консензуален претседател и оти ќе работи на нејзина реализација.

На конгресот беше усвоена програмата на ДУИ за следните четири години. Фатмир Бесими, член на највиското раководство на партијата појасни дека таа се базира на три столба – евроатлантски интеграции, спроведување на Охридскиот рамковен договор и економска благосостојба.

Делегатите ги усвоија и измените на статутот со кои се формира уште едно партиско тело-Совет на мудреци, а се зголемува и бројот на членовите на Централниот одбор на партијата од 75 на 81.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Обвинителството молчи за дивоградбите во Чаир

Влен: Граѓаните со години гледаа како неколку луѓе крадат и се збогатуваат, додека ДУИ чуваше стража

Горан Наумовски

ДУИ: Го предизвикуваме Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори без привилегии на власта

ДУИ: Македонија не е, и никогаш нема да стане „третата српска република“

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

ДУИ: Единствениот Албанец од вкупно 12 во Комисијата за наградата „8 Септември“ се предлага самиот себеси за добитник