Акција за бришење графити во Гостивар

Од:

Младите гостиварци претпладнево започнаа со отстранување на навредливи графити на јавните објекти и опрема во градот.  Акцијата „Стоп за испишани графити” е иницирана од Отсекот за превенција на СВР-Тетово.

– Со оваа акција сакаме да ги поттикне младите да не ја користат својата креативност за испишување графити со навредлива содржина која пак може да поттикне верска или меѓуетничка нетрпеливост. Освен тоа, со акцијата очекуваме и да се подигне нивото на урбана култура кај младите, изјави самостојниот иснпектор по превенција Пецо Костадиноски.

Бојосувањето и отстранувањето на графитите во Гостивар денеска се одвива на две локации и во неа учествуваа ученици од  Средното општинско економско училиште и од Основното училиште „Гоце Делчев”.

Проектот кој завчера стартуваше во Тетово и се одвива во соработка со локалните самоуправи и со поддршка на ОБСЕ.

Од СВР-Тетово потсетуваат дека според Законот за јавна чистота, член 17, пишувањето на графити на јавни објекти, како и цртање и лепење плакати е забрането, а глобата изнесува 50 евра во денарска противвредност. Според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, глобата за оштетување на јавните објекти на ваков или друг начин се движи од 100 до 400 евра.  Доколку графитите, пак, се со навредлива содржина и поттикнуваат етничка, расна, верска, полова и друга нетрпеливост, тоа се санкционира кривично.

Би можело да ве интересира

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски