(ВИДЕО) Шилегов: Дали еден човечки живот вреди помалку од 2000 евра?

Од:

„Дали еден човечки живот вреди помалку од 2000 евра? За прегазен човек,  поранешниот телохранител на директорот на УБК, Сашо Мијалков, Ален Зекиров е осуден на 6-месечна затворска казна.

За наводен случај на примање 2000 евра, синдикалниот лидер, Др. Дејан Ставриќ е осуден на 1 година затвор.

Процесот за усмртен човек се одолговлекуваше 5 години.

Синдикалниот лидер Ставриќ е осуден во експресна судска постапка.

Според апсурдните одлуки на узурпираното судство од страна на Никола Груевски и неговата фамилија, човековиот живот чини помалку од 2000 евра“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски