Дел од копненитe сили на Јужна Кореја ќе имаат први заеднички вежби со војници од САД на американска територија, соопшти денеска Генералштабот на јужнокорејската армија, пренесува ИТАР-ТАСС.
Вежбите на кои ќе учествуваат 170 јужнокорејски војници ќе се одржат од 9 јуни до 1 јули во Националниот центар за обука „Форт Ирвин“ во американската сојузна држава Калифорнија.
Секоја година Сеул и Вашингтон прават двострани воени вежби на Корејскиот Полуостров, што секогаш се остро критикувани од Северна Кореја.