Македонската фудбалска репрезентација остана на 80.место на најновата рејтинг листа објавена денеска од страна на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).
Од противниците на нашите репрезентативци во квалификациската група за Европското првенство 2016, најдобро пласирана е Шпанија која воедно е и лидер на ова рангирање.
Украина има скок од едно место и сега е 16.та, Словачка се наоѓа на 49.место, а зад „црвено-жолтите“ се Белорусија – 82.место и Луксембург – 119.та позиција.
Во ТОП 10 по Шпанија следуваат: Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Швајцарија, Уругвај, Колумбија, Италија и Англија.