Авиокомпанијата „Монарх Ерлајнс“ објави дека нивните нови „ергономски“ седишта не можат да се спуштаат. Новите седишта ќе имаат потенок и потесен дизајн што ќе го зголеми просторот за нозете.
Одлуката, како што тврди компанијата, е спроведена во дело благодарение на желбите на патниците.
– Новите ергономски седишта се дизајнирани заедно со потребите на нашите клиенти, а тоа беше најважното. Новиот дизајн на седиштата, што оневозможува нивно спуштање, на патниците им дава повеќе простор отколку традиционалните седишта и го отстранува стравот дека лицето пред нив ќе го спушти своето седиште и ќе го елиминира тој простор, изјави директорот за односи со патниците и маркетинг Тим Вилијамсон.
Новите седишта поседуваат и „иновативен“ држач за таблети, така што патниците можат да створат сопствен систем за забава, а дополнително е намалена и нивната тежина.
Компанијата се надева дека до ова лето ќе успее да инсталира 11 сетови од овие седишта, а дека сите нивни авиони ќе бидат опремени до 2015 година.
Анкетата што ја спроведе „Skyscanner“ откри дека 91 отсто од авиопатниците сакале да го видат „исчезнувањето“ на седиштата на спуштање кога се во прашање кратките летови, а 60 отсто стјуарди и стјуардеси, исто така, се согласуваат со овие желби.