Кластерско здружување за привлекување повеќе туристи

Од:

Со словенечки и италијански искуства за развивање кластери  во туризмот ќе се подобрува квалитетот на туристичката понуда на Охридскиот и Тиквешкиот регион. Целта е привлекување што поголем број странски туристи не само во топ сезоната, туку и во тек на цела година.

Проектот за одржлив развој во туризмот го спроведува УНИДО, во чија организација  денеска во Скопје се одржува првата работилница за  поврзување на сместувачките  и угостителските  објекти винариите.

– Идејата е преку градење  на човечкиот капитал, кој всушност е најзначаен во делот на услугите да овозможиме  да се подигне кавлитетот на туристичката понуда на Македонија, изјави Зоран Тодоровски, национален  експерт на Агенцијата за индустриски развој на ОН.

Според него, туристичката понуда во Македонија секоја година се подобрува и има раст на бројот на туристите, но главен проблем е да се продолжи сезоната.  – Веќе не зборуваме за класична туристичка понуда, каде што туризмот остануваше само на ниво на сместување, туку на новиот  тренд на туристичкиот пазар во светот кога се оди на ниво на доживување. Во топ сезоната се покриени 72 проценти од капацитетите, но на ниво на година имаме проблем. Практично идејата  е да се прошири  сезоната. Агенцијата во делот на промоцијата прави напори да се зголеми  портфолиото на новите туристички содржини, на тој начин ќе овозможиме сезоната, конкретно во Охрид, да се прошири, наведе Тодоровски.

Еден од целите на проектот  е преку здружување да се зајакнат врските меѓу туристичките работници. Долгорочно треба да се овозможи и синергија на двата кластера затоа што Македонија е мала држава и туристичкиот  производ треба да прикажува се што има интересно за туристите.

Според Аднан Шерич, проект менаџер,  со пренесување на знаењата и искуствата од Италија и од Словенија треба да се подобри состојбата во туризмот во Македонија,  односно да се привлечат повеќе  странски туристи во Охридскиот и во Тиквешкиот регион.

– Здружувањето  во кластери се покажало како добра практика за економски успех  во регионот во секое поле каде се работи.  Нашата цел не е формално да форираме кластери во овие два региона, туку, пред се, да поставиме платформа за соработка помеѓу различните чинители, како на  регионално, така и на национално   ниво, да соработуваат, разменуваат идеи,  проблемите да излегуваат на површина и да се предлагаат квалитетни решенија за нивно решавање, појасни Шерич.

Шефкет Јашари, државен  советник во Министерството за економија, смета дека активностите на Владата во областа на туризмот веќе даваат резултати, а поддршката од УНИДО е од големо значење.

– Ова е голема поддршка од УНИДО, која во следните  две гоидни ќе работи на едукација во областа на туризмот. Ова е прва работилница и  првпат се претставуваат искуствата на некои европски држави, Италија и Словенија. Ова е  почеток, ќе следи друг проект од  ИПА 2 со поддршка од ЕУ, најави Јашари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март годинава Македонија ја посетиле 36.290 туристи што е зголемување за 5,5 отсто во однос на истиот месец лани. Зголемен е и бројот на ноќевања за 7,5 проценти, односно изнесувал 78.721.

Бројот на домашните туристи во споредбениот период е зголемен за 20,6 отсто, а на странските е намален за 2,7 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 16 отсто, а на странските за 1,8.

Во јануари-март 2014 во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,8 отсто. Кај домашните зголемувањето е 6,9 проценти, а кај странските останал на исто ниво. Бројот на ноќевањата е зголемен за 2,9 проценти, кај домашните туристи за 3,7, а кај странските за 2,3.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ