Филипините ќе евакуираат 13.000 свои државјани од Либија

Од:

Филипинската Влада денеска соопшти дека како највисок приоритет на надворешната политика  го смета безбедното враќање на околу 13.000 Филипинци од Либија, поради влошената состојба во оваа северно африканска земја.

Филипинската амбасада во Триполи е зајакната со два специјални тима кои треба да обезбедат побрзо и сигурно повлекување.

Во повикот се апелира сите Филипинци да ја напуштат Либија во најкус можен рок.

Во Либија работат високообразувани и квалификувани филипински работници. Најголем број од нив се ангажирани во индустријата за нафта, медицинските установи и во хотелскиот сектор.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод