Француската амбасадорка Лоренс Оер во работна посета на Берово

Од:

Во работна посета на општина Берово, денеска престојуваше амабасадорката на Република Франција во Македонија, Лоренс Оер, која оствари и средба со градоначалникот на Берово Драги Наџински.

На средбата се разговарало за проширување на француско-македонската соработка, поточно со регионот Долна Нормандија. Инаку, пред 3 години општина Берово воспостави соработка со општината Ливаро од Долна Нормандија што резултираше со презентирање на малешевското сирење на саемот во Ливаро, како и со посета на група ученици од општинското основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“-Берово кои го изучуваат францускиот јазик.

– Многу сум задоволна од денешната прва моја посета на Берово и од можноста да ги запознаам туристичките потенцијали на малешевијата, која изобилува со прекрасни шумски пејзажи, водени ресурси, ливади и пасишта, што овозможува проширување на воспоставената соработка помеѓу Ливаро и Берово, истакна амасадорката Оер.

За време на денешниот престој во Берово француската амбасадорка го посети основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“, Манасирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“ и познатите туристички локалитети во овој крај.

Берово, нагласи меѓу другото градоначалникот Наџински, е една од седумте македонски општини што имаат економска и културна соработка со регионот Долна Нормандија од Република Франција.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот