Париз ја ограничува брзината за автомобилите на 30 километри на час

Од:

Новата градоначалничка на Париз, Ан Идалго, има намера да воведе драстични ограничувања на брзината во главниот град на Франција. Со планот е предвидено брзината на движење на возилата во повеќето улици да се ограничи на 30 километри на час.

Моментално ограничувањето на брзината на повеќето сообраќајници во Париз е 50 километри на час, додека на третина улици од овој град брзината уште претходно беше ограничена на 30 километри на час.

Планот на градоначалничката е  граничувањето на 30 километри на час да се прошири на речиси сите улици во Париз. Исклучок ќе бидат само некои поважни сообраќајници што се наоѓаат долж брегот на Сена, каде дозволената брзина и натаму ќе изнесува 50 километри на час, и на главните кружни текови на кои ограничувањето на брзината на движење неодамна беше намалена од 80 на 70 километри на час.

Со новиот пропис е предвидено на одреден број улици максималната дозволена брзина да изнесува само 20 километри на час, а станува збор главно за области во кои покрај автомобили се движат и голем број пешаци и велосипедисти.

Париските власти веруваат дека со дополнителното ограничување на брзината ќе се намали бројот на саообраќајни несреќи и загадувањето на воздухот. Можно е овие мерки да вродат со плод, бидејќи веројатно некои возачи заради драстичното ограничување на брзината да се одлучат место со сопствен автомобил, во иднина на работа да одат со јавниот превоз или со велосипед.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска