Еден од моментално најамбициозните архитектонски проекти во светот, град на море, наскоро би можел да стане реалност.
Нацртите за овој футуристички град ги изработи компанијата со седиште во Лондон, АТ Дизајн Офис, а за проектот е заинтересирана големата кинеска инвестициска компанија China Transport Investment Co., која е подотвена да ги тестира можностите за изградба на овој единствен градски систем.
Подземниот дел од градот би бил составен од повеќе делови, т.н. модули, кои би биле поврзани со подводни тунели.
Овој град е замислен да се самоодржува, со производство на храна и соларна енергија на површината, како и со сопствено пристаниште.
Планирана е и изградба на луксузни хотели, ресторани и други објекти.