Кабинетот на новиот либиски премиер ja презеде зградата на Владата во Триполи

Од:

Либискиот премиер Ахмед Матик, кој беше избран на почетокот на минатиот месец и неговите министри синоќа презедоа контролира врз зградата на Владата во Триполи, каде одржаа и седница.

Владината зграда до синоќа беше по контрола на премиерот во оставка Абдулах ал Тани, кој одбиваше да ја предаде власта со барање суд да се изјасни дали изборот на Матик со поддршка на исламистите во Парламентот при немање кворум е легитимен.

Хаосот на политичката сцена на Либија стигна дотаму што во Триполи посебно заседеваа две влади, таа на Тани во владината зграда и таа на Матик во еден од луксузните хотели во главниот град.

Во меѓувреме медицински извори соопштија дека бројот на загинатите во судирите во либискиот град Бенгази вчера достигна 21 лица, а ранети се 67.

Во градот продолжуваат жестоки борби меѓу вооружените исламисти и силите, под команда на одметнатиот генерал Халифа Хафтер, кој пред две недели најави кампања за прочистување на земјата од исламистичките екстремисти.

Борби се водат и во градот Ал Марџ на исток од Бенгази, каде што се ранети 18 лица.

Три години по соборувањето на режимот на Моамер Гадафи Либија е во целосен хаос. Парламентот е блокиран и не може да усвои нов устав, а вооружени групи, кои учествуваат во бунот против Гадафи, одбиваат да го предадат оружјето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски