Еврокомисијата го одложи објавувањето на извештајот за Албанија

Од:

Европската комисија соопшти дека извештајот за состојбата во Албанија нема да биде објавен денеска, како што беше претходно најавено, јави дописникот на МИА.

Во изјава за тиранската телевизија „Њуз 24“, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Петер Стано, синоѓа рече дека извштајот е во постапка на донесување и се очекува да биде усвоен кон крајот на неделава.

Стано нагласи дека извештајот ќе послужи како основа за дискусија на земјите-членки на Самитот на Советот на Европа во текот на овој месец, кога тие ќе одлучат за доделување на статусот земја-кандидат за членство во ЕУ за Албанија.

Тој меѓу другото информира дека не станува збор за извештај на напредок, туку дека земјите-членки на ЕУ  побарале од Европската комисија да подготви преглед на напорите на албанската Влада и резултатите постигнати во борбата против корупцијата и организираниот криминал и во судската реформа.

Засега нема никаква реакција од страна на официјална Тирана околу одложувањето на извештајот. Албанскиот државен врв, пред се премиерот Еди Рама, минатата недела по посетата на неколку земји-членки на ЕУ изрази оптимизам за добивањето кандидатски статус.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски