Членови на ДИК изборни набљудувачи во Јужна Кореја, претседателот Рилковски останал во Македонија

Од:

Сите членови на Државната изборна комисија, освен претседателот Никола Рилковски се наоѓаат во улога на набљудувачи на локалните избори во Јужна Кореја, потврдуваат извори од ДИК за А1он.

Како што велат од таму, членовите се очекува да се вратат назад во Македонија до крајот на неделата. Од Државната изборна комисија не информираа дека претседателот Рилковски е недостапен за коментар, бидејќи е на состанок и не знаат кога ќе заврши.

Оваа работна агенда на членовите на ДИК доаѓа во моментот кога Собранието треба ќе ги прифати оставките на опозицијата за пратеничките мандати, по што членовите на ДИК треба да одржат седница, на која ќе ги констатираат оставките.

Би можело да ве интересира

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини