Седум лица се убиени, а 15 други се повредени денеска при жестоки судири меѓу либиската армија и вооружени исламисти во Бенгази.
Вооружената група Ансар ал Шарија нападнала воен камп, предизвикувајќи борби во неколку реони на либискиот пристанишен град, изјавија локални жители.
Според нив, силите на одметнатиот генерал Халифа Хафтар, кои се борат против исламистите, се вклучиле подоцна во судирите, употребувајќи воени хеликоптери.