Израелската армија изврши два воздушни напада во Појасот Газа

Од:

Израелската армија денеска изврши два воздушни напада во Појасот Газа, како одговор на ракетен напад од палестинска територија.

Израелските напади се извршени на денот кога треба да биде објавена новата палестинска влада на национално единство. Израел не се согласува со договорот меѓу главните палестински политички движења – Фатах на претседателот Махмуд Абас, кое управува на Западниот Брег на реката Јордан, и исламистите од Хамас, кои го контролираат Појасот Газа.

Израелската Армија соопшти дека нејзиното Воено воздухопловство нападнало два „терористички објекта“ во Појасот Газа, кои биле уништени, како одговор на двете истрелани ракети во последните денови. Повеќе детали за нападот не се соопштени.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел