Колумбиецот Наиро Квинтана од тимот на Мовистар победи на Џиро Д’Италија, и со тоа стана прв Колумбиец на кого му појде од рака да ја освои престижната трка.
Денеск ана последнта трка победи Словенецот Мезгец кој во спринтот го помина Џакомо Ницоло (Трек Фактори), Тајлер Фарар (Џајант) и Насер Буани (ФДЈ) за своја прва етапна победа на една од големите трки.
Цело внимание беше насочено кон розевата маичка на Наиро Квинтана, кој лежерно ја помина целната линија за да ја освои титулата во генерален пласман пред сонародникот Ригоберто Уран (Омега Фарма-Квик Степ).
Квинтана до првата голема титула доаѓа со 2:58 предност пред Уран, додека италијанскиот талент Фабио Ару го комплетираше подиумот со 4:04 заостанување.
Инаку Квинтана минатата година заврши втор на Тур де Франс.