Работна средба на министерот за здравство Тодоров со амбасадорот на Кина

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Кина во Македонија, Вен Џеншун.

На средбата, како што соопшти Министерството за здравство, се разговарало за предвиденото отворање на Центар за традиционална кинеска медицина во Република Македонија, со што ќе се овозможи размена на искуства меѓу македонските и кинеските лекари, едукација на кадри во областа на традиционалната кинеска медицина, како и соработка на Бирото за лекови со соодветната институција од фармацевтската дејност во Народна Република Кина.

Тодоров и Џеншун разговарале за можноста за организирање посета на македонски лекари во повеќе кинески болници, со цел одблиску да се запознаат со процесот на лекување во здравствени установи во кои има голема фреквенција на пациенти на дневна основа.

Како што се наведува во соопштението, Центарот за традиционална кинеска медицина кој се планира да се отвори во Штип, е резултат на добрата соработка меѓу Македонија и Кина.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски