Иванов: Неопходно ни е единство и сплотеност за државните интереси

Од:

„Каква Македонија ќе создадеме, таква ќе ја имаме. Наша обврска е да го подготвуваме македонското општество за сè она што нè очекува. Тоа е наша одговорност“, рече претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов  во обраќањето на Свечената академија во Македонската опера и балет по повод 8 Септември – Ден на независноста на Република Македонија.

Тој побара одговорност од политичките партии од власта и од опозицијата, од медиумите од судството и сплотување околу националните интереси.

Затоа, порача, да ја создаваме Македонија како слободна и демократска земја. Држава која се грижи за интересите на своите граѓани, која ги остварува европските вредности, стандарди и принципи во секојдневниот живот и која одговорно ги исполнува своите меѓународно преземени обврски.

„Нашето одговорно однесување ни дава основа да бараме и другите да се однесуваат одговорно кон нас. Во тоа се состои секое наше барање за почитување на она што е свето за секој на овој свет, па и за народот на Република Македонија. Почитување на слободата, правдата и човечкото достоинство. Затоа е несфатливо и неприфатливо секое оспорување на овие општоприфатени вредности. Постојано апелирам и ќе продолжам да апелирам. Неопходно ни е единство. Неопходна ни е сплотеност за државните интереси, интереси на овие млади луѓе за кои зборувам“, рече Иванов.

Токму затоа, додаде, обраќањето за овој 8. Септември им го посветува на генерациите родени во слобода, во суверена и самостојна Македонија, кои сами ја создаваат претставата за себе и за татковината и кои се најсуштествениот симбол на нашата независност, на нашиот трет Илинден.

Подвлече, сите реформи што ги правиме не ги правиме за Брисел туку за нас и генерациите по нас и не одиме ние во Европа, туку Европа ја создаваме тука кај нас. На тој пат, рече важен е успехот на секој поединец.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on