А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Промовиран земјоделскиот проект „АГРО – ИТ“

by А1он29/05/2014 - 14:46163
Share0

Нови технологии и компјутерски програми за менаџирање на фарма, предвидува проектот „АГРО – ИТ“ што беше промовиран денеска во Битола. Ќе го спроведува Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) согласно европските практики.

Добивај вести на вибер

Проектот паралелно ќе се реализира во седум европски држави.

На денешниот промотивен настан во Битола беше речено дека имплементацијата на оваа новина во Македонија ќе се врши на 15 фарми.

– Со проектот ќе бидат опфатени 15 фарми, од помал обем или мали и средни. Сакаме на земјоделците да им обезбедиме софистицирана технологија и модерна техника за увид и подобрување на квалитетот на производите. Воедно, ќе бидат порентабилни и поефикасни, истакна потпретседателот на ФФРМ Љупчо Станковски.

Учесниците на настанот, земјоделци и фармери, потврдија дека со примена на модерната информатичка технологија ќе ја подобрат својата конкурентност на пазарот. Затоа, посочија, се вклучуваат во овој ЕУ проект.

zemjodelstvo

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Катерина Ѓуровски19/11/2024 - 13:28

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on04/03/2024 - 13:27

Градоначалникот Димитриевски бара јавно да се објави списокот на сите земјоделски концесионери со информации за плаќање на концесиски надоместок

Предраг Петровиќ05/07/2023 - 20:11

Видео: Имате запуштени ниви? Ем ќе плаќате повеќе данок ем државата ќе ви ги издава

Анита Петровска Рајковиќ27/10/2022 - 18:05

Иновации, нови мерки и 200 милиони евра поддршка за модерно, одржливо и конкурентно земјоделство, најавува Владата

А1он13/09/2020 - 08:43

Средба на партнерите од коалицијата „Можеме“: Беса го добива ресорот Земјоделство

Жарко Настоски19/08/2020 - 19:3219/08/2020 - 19:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен