Норвешката полиција стави крај на акција на „Гринпис“ врз норвешка нафтена платформа

Од:

Норвешката полиција прекина протесна акција на „Гринпис“, два дена од нејзиниот почеток.

Активистите на организацијата протестираа на платформата „Трансоушн шпицберген“ на компанијата „Статоил“, која се наоѓа во Баренцовото море.

– Во моментот активистите на „Гринпис“ се наоѓаат во рацете на полицијата, се вели во изјава на „Статоил“. Задоволни сме што незаконската акција беше прекината без никој да настрада.

„Трансоушн шпицберген“ ќе го продолжи патот кон наоѓалиштето „Аполо“.

„Статоил“ има дозвола да започне работа, но компанијата планира да го почека одговорот од Министерството за животна средина по жалабата на „Гринпис“ пред да почне со истражувањето.

Еколозите од „Гринпис“ изјавија дека нема да се вратат на својот број пред „Статоил“ да се откаже од плановите за истражување на Арктикот. Тие повикаа на ново истражување на Норвешкот поларен институт, според кое компанијата ќе ја наруши законската забрана за истражување на помалку од 50 километри од границата на сантите мраз.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани