ФОТО: Како изгледаат кинески градови на вода?

Од:

Кинеската компанија „АТ Дизајн Офис“, чие што седиште се наоѓа во Лондон, а која дава услуги од областа на дизајн, архитектура, ентериер и екстериер, прикажа проекти од градови на вода.

kineskiGradoviVoda (1)

Компанијата своите проекти ги опишува како синтеза од убаво и корисно, со оглед на тоа што се работи за атрактивен, модерен дизајн на комплекс градби кои функционално се прилагодени на културата и климата на одредено поднебје.

kineskiGradoviVoda (3)

Во Нанчанг во Кина, проектот претставува комплекс од 200.000 квадратни метри, кој содржи бизнис кула, хотели, апартмани, супермаркет, кино како и централен плоштад на зелена површина.

kineskiGradoviVoda (4)

На дури 900.000 квадратни метри се наоѓа проект во Шенжен, со луксузни апартмани, шопинг центар и кула. Фасадата на Сити молот ја красат метални отвори за проток на воздух, кои се дизајнирани така што во тек на ден фрлаат сенка, додека во ноќите тие се транспарентни.

kineskiGradoviVoda (5)

Проектот кој компанијата го изработи за островот Џуѓијаконг е вистинско светско чудо во тој регион. Забавните паркови, туристичките атракции, подводниот свет, еко паркот и селата што пловат се само дел од содржината на целиот комплекс.

kineskiGradoviVoda (6)

Кингстон Таун пак е инспириран од британските пејзажи. На главниот плоштад се наоѓа стаклена купола во викторијански стил.

kineskiGradoviVoda (2)

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска