Москва прогласена за најлош град за туристички посети

Од:

На TripAdvisory, едeн од најпознатите светски веб-водичи за патувања, објавена е анкета на која посетителите можеа да гласаат за најдобрите и најлошите градови за туристички посети.

Иако има богата историја и доминантна улога во светската политика, Москва е прогласена за најлош град за посети.

Рускиот главен град ја доби оваа „титула“ заради тоа што „жителите се нељубезни, хотелите неуредни, недостасуваат шопинг центри, а покрај сето тоа цените се неверојатно високи“, истакнале неговите посетители во своите забелешки.

Според годишното истражување на TripAdvisory во кое беа испитани повеќе од 54.000 патници кои посетиле 37 урбани туристички дестинации ширум светот, Москва се најде на последното место, победувајќи во пет категории.

Исто така, за категоријата „најдобар вкупен впечаток“ Москва се најде на третото место „одзади“, како и на претпоследното за гостопримство, гастро понуда и шопинг, а убедливо последно место зазеде и за такси услуги и возачи, вредноста на парите и хотелите.

Меѓу најлошите градови се наредија и Мумбај и Пунта Кана, додека меѓу најдобрите се Токио, Њујорк, Барселона, Истанбул, Прага, Виена, Берлин, Рим, Париз…

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска