Фејсбук ќе добие нова опција која автоматски ќе следи и ќе ја препознава музиката што ја слушате, како и телевизиската серија што ја гледате. Веднаш штом социјалната мрежа ќе ја препознае песната или серијата ќе објави статус, а ќе може да открие и која епизода точно ја гледате.
Оваа нова функција треба да се активира, а според почетните поставки е исклучена. Функционира на тој начин што Фејсбук го користи микрофонот на мобилниот телефон за да препознае која песна ја слушате во моментот или пак која серија ја гледате.
На тој начин ќе можете брзо, без потреба од пишување на нов статус, да споделите која ви е новата омилена песна или пак до каде сте стигнале со серијата.
Опцијата ќе може да се исклучи во кој било момент со клик на иконата во горниот десен агол на екранот. Корисниците ќе можат да изберат дали сакаат да ги поделат тие информации со пријателите или не.
Ако се одлучите да споделите што гледате или слушате, вашите контакти ќе можат да видат половина минутен преглед на песната или емисијата.
Во прв момент апликацијата ќе биде достапна во САД за корисниците на Андроид, а потоа ќе стане достапна и за iOS, како и за останатите корисници во другите држави.
Во текот на минатата година, корисниците на Фејсбук споделиле повеќе од пет милијарди статуси во кои споменуваат музика што ја слушаат во моментот или пак филмови и серии што ги гледаат.