Во Австрија се гради најдолгиот пешачки мост во светот

Од:

Во Австрија почнаа градежните работи на конструкцијата што може да се покаже како најдолгиот висечки пешачки мост во светот.

Мостот може да привлече луѓе кои сакаат авантуризам бидејќи нуди можност од шетање по нестабилна конструкција на височина од 110 метри.

Мостот ќе се изгради во тиролскиот Рojте, а ќе биде долг 403 метри и ќе чини 1,8 милиона евра. Ќе ги поврзува урнатините на големата средновековна тврдина Ехренберг и урнатините на тврдината Форт Клаудиjа од 17. век.

По завршувањето на изградбата, во октомври, Рojте ќе поднесе барање за вбројување на мостот во Гинисовата книга на светски рекорди.

Преминот преку мостот ќе се наплатува меѓу пет и осум евра.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска