Либискиот премиер Ахмед Мајтик остана неповреден денеска при напад врз неговиот дом, во кој дошло до престрелка меѓу напаѓачите и неговото обезбедување, соопшти владин претставник.
Според медиумските извешатаи, куќата на Мајтик била нападната со мибофрлач.
– Во нападот учествувале четворица напаѓачи. Еден загинал, вториот е уапсен, а останатите двајца побегнале, изјави владиниот извор кој побарал анонимност.
Мајтик неодоамна беше избран за премиер по спорното парламентарно гласање, што неисламистичките пратеници го оценија како нелегитимно.
Назначување на Мајтик на функцијата ја заостри политичката криза во Либија.