Најмалку 16 лица загинаа, меѓу кои 10 деца, во автобуска несреќа денеска во долината Сват во североисточниот дел на Пакистан, соопштија локалните власти.
Автобусот превезувал патници од централната провинција Пенџап на станицата Калам во дистриктот Сват.
Несреќата се случила на пат во близина на река рано изутринава.
– Шеснаесет лица загинаа, вклучително 10 деца и пет жени. Седум патници се повредени, изјави службеник од управата на Сват Махемуд Асалам.
Причините за несреќата се уште не се познати. Сообраќајните несреќи во Пакистан се чести поради лошите патишта и старите возила.