Шампионот во НБА лигата тимот на Мајами е на една победа до пласман во големото финале откако ноќеска во натпреварот број 4 на домашен терен во финалето на Источната конференција ја совлада Индијана и води со 3-1 во победи. Мајами славеше со 102:90 (27:19; 22:25; 31:20; 22:26).
Најдобриот играч кај Мајами, Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 32 поена и 10 скокови (сите во одбрана), Крис Бош постигна 25 поени, а „тројки“ шутираше (3/5). Кај поразената екипа Пол Џорџ реализира 23, а Дејвид Вест 20 поени.
Играчите на Мајами одлично ги изведуваа и слободните фрлања и од 34 обиди постигна 30 поени.
Следниот натпревар се игра на теренот на Индијана во среда навечер, додека вечерва е дуелот од финалето на „Запад“ меѓу Оклахома Сити и Сан Антонио(1-2 во победи).