Надлежните ги санираат штетите од невремето во Скопје

Од:

Екипи на јавните претпријатија, ЕВН и ГАМА се на терен и преземаат соодветни мерки согласно состојбата на теренот, предизвикана од силното невреме што синоќа го зафати Скопје.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој координира со Оперативното тело на Владата, и кој ноќеска заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, посети повеќе критични точки настанати од невремето во Скопје, посочи дека засега нема пријави за повредени лица, а причинета е само материјална штета.

– Во контакт сме со Гама, од каде не информираа дека дефектот во Општина Аеродром кој беше предизвикан од удар од гром, е саниран и нема никаква опасност за населението. Во контакт сме и со ЕВН, од каде дознаваме дека мал број трафостаници се во дефект поради обилните врнежи од дожд. Сите екипи на ЕВН се на терен и се очекува наскоро да бидат санирани и овие проблеми, истакна Јанакиески.

Граѓаните може да пријавуваат настанати проблеми предизвикани од поројните дождови  на дежурните телефони во Град Скопје.

Градоначалникот Трајановски истакна дека се работи на оспособување на сообраќајниците и дека тие ќе бидат во функција до утре наутро.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција