Во Скопје наврнаа 37 литри на метар квадратен

Од:

Триесет и седум литри на метар квадратен наврнаа во главниот град за половина час, а ветерот достигнуваше брзина од над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму посочуваат дека повеќе нема услови за пороен дожд во скопското подрачје. Водената маса е сосема ослабната и поместена кон исток.

Вчера во раните претпладневни часови умерена нестабилна облачност со дожд и грмежи имаше во североисточниот дел од земјата, односно во Крива Паланка, Виница и Берово, а доцна попладнето, исто така со умерен интензитет, во северозападниот дел.

И за денеска попладне од Управата најавуваат дека во поголемиот дел од Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Според прогностичките материјали, поголема веројатност за нестабилност ќе има во западните и југозападните делови, иако не е исклучена појава на нестабилност и во другите региони.

Утре и во среда ќе има делумно стабилизирање на временската состојба.

Би можело да ве интересира

УХМР: До среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Во Загреб, ветерот ја откорна фасадата на нова зграда, падна врз автомобили

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ветерот корне дрвја и носи покриви во Хрватска: Училиштата се затворени во 4 окрузи, снегот го парализира сообраќајот

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски