Надлежните преземаат мерки за санирање на штетите од невремето во Скопје

Од:

Невремето што синоќа го зафати главниот град предизвика проблеми во сообраќајот на повеќе улици. Критични се кај Стоковната куќа мост, булеварот „Киро Глигоров“, клучката кај хотелот „Континентал“, спроти зградата на Македонска телевизија, подвозникот кон Пржино, како и булеварот „Кочо Рацин“.

Поради настанатата ситуација вечерва заседаваше оперативното тело на Владата и град Скопје за координација и справување со поплавите, со кое раководеше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. На координацијата присуствуваа сите директори на јавните претпријатија и на Дирекцијата за заштита и спасување.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски изјави дека надлежните ќе се справат со ситуацијата.

Министерот Јанакиески изјави дека засега нема пријави за поголеми штети и повредени лица, но дека ситуацијата се следи и оти граѓаните можат да се јавуваат на отворените линии во министерствата за транспорт и врски и за внатрешни работи. Тој додаде дека се постојано во координација.

Апелираше дека секој што е загрозен да пријави на телефоните за пријавување непогоди предизвикани од поплавите во Скопје  02 3073010, 02 3297295, 02 3297204.

Од невремето има прекини и во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски