Атрактивната бразилска манекенка Барбара Фиајло покажала завидна фигура во новата рекламна кампања за бразилскиот бренд за костими за капење „Агуа де Коко“.
24-годишната Барбара е многу популарна во Бразил и ја сметаат за вистински топ модел. Таа воедно е една од ангелите на познатиот бренд за долна облека „Викторијас сикрет“.
Светските медиуми во оваа згодна бринета гледаат наследничка на нејзината постара колешка и сонародничка, Адријана Лима.