Тодоров: Од септември во функција новиот објект на Државната кардиохирургија

Од:

До крајот на август или почетокот на септември годинава целосно ќе биде ставен во функција објектот во кој трајно ќе биде сместена Државната кардиохирургија. Првично операциите ќе ги изведуваат кардиохирурзи и помошен персонал од странство, а за три години ќе има целосно остручен домашен кадар.

Ова го истакна министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на објектот во кој ќе биде сместена Државната кардиохирургија, а кој е во фаза на целосна реконструкција.

Објектот е во рамки на Килиниката за кардиологија и се наоѓа на последниот кат.  Направен е по сите светски стандарди, бидејќи уште пред дваесеттина години постоела идеа токму тука да биде сместена Државната кардиохирургија. Во моментот се врши негова целосна реконструкција во вредност од 650 илјади евра што треба да заврши во јули.

– Предвидено е да се изградат две операциони сали во кои ќе бидат изведувани хируршки  интервенции, интензивна нега со шест кревети и стационар со соби во кои ќе се сместуваат пациентите по излегувањето од интензивната нега. Ќе можат да се прават 150 до 200 интервенции годишно. За таа цел набавуваме дополнителна медицинска опрема во вредност од 84 милиони денари за која се веќе завршени тендерите што значи дека целата инвестиција ќе биде околу два милиона евра, изјави Тодоров.

Тој посочи дека годинава во Државната кардиохирургија се планира да бидат изведени 50 интервенции.

– Од моментот кога и овие простории целосно  ќе бидат опремени веројатно малку повеќе ќе се зголеми бројот на интервенции. За наредната година е предвидено да стигнат до 100, а по три години од 150 до 200 и да се постигне најголемиот можен обем на интервенции, односно да се исполни целиот капацитет, рече Тодоров.

Министерот за здравство истакна дека Државната кардиохирургија има одлична соработка со центри од Италија, Србија и Швајцарија од каде доаѓаат доктори кои практично целосно ќе застанат зад проектот Државна кардиохирургија со кардиохирурзи, но и со останат медицински персонал.

–  Веќе  се запишани македонски студенти на специјализација за кардиохирургија. Еден е веќе испратен на специјализација во странство, а планираме да пратиме уште двајца. Имаме и двајца доктори кои се специјалисти, но планираме да ги пратиме на супспецијализација по кардиохирургија по што најверојатно по три години ќе имаме и комплетно наш тим кој ќе биде  целосно спремен самостојно да изведува кардиохируршки интернвенции, рече Тодоров.

Потенцира дека Државната кардиохирургија ќе биде отворена и за пациенти од странство кои си ги плаќаат своите здравствени услуги од сопствени средства и додаде дека нема да се раскинат и договорите со двете постојни приватни болници во кои се вршат кардиохируршки интервенции.

– Нема да ги згасниме договорите со нив, бидејќи сметаме дека се добра конкуренција која може да обезбеди добар прогрес. Станува збор за две кардиохирургии кои се добро поставен и етаблирани и во кои се даваа  кардиохируршки интервенции во време кога државата немаше обезбедено такви услуги, истакна Тодоров.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство