Папата Франциско повика да се стави крај на израелско-палестинскиот конфликт

Од:

Папата Франциско, кој од вчера е во посета на Израел, упати повик од Витлеем да се стави крај на „сепонеприфатливата ситуација“ со израелско-палестинскиот конфликт.

Тој побара да биде признаено правото на државата Израел и на државата Палестина да живеат заедно во мир и безбедност.

Поглаварот на Римокатоличката црква денеска ја почна дводневната посета со поклонение на светите места на палестинските територии и Израел. Во родниот град на Исус Христос Витлеем, кој е под палестинска контрола, палестинскиот претседател Махмуд Абас, одржа прием во негова чест.

Папата денеска ќе одржи литургија пред црквата „Рождество Христово“ во Витлеем, на која се поканети да присуствуваат 9.603 лица.

Во Ерусалим утрово беа уапсени 26 израелски активисти, кои протестираа против посетата на поглаварот на Римокатоличката црква.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше