ФОТО: Делегација на СДСМ на средба со Ан Линд во Шведска

Од:

Делегација на СДСМ во состав: Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ, во Стокхолм, Шведска имаше состанок со Ан Линд, меѓународен секретар на Партијата на европски социјалисти.

На состанокот се разговараше за политичката криза во Македонија предизвикана од недемократските избори во Македонија и за актуелизирање на ова прашање во Европскиот парламент, веднаш по европските избори. Договорено е, состојбите во Македонија да бидат тема на состанокот на лидерите на социјалдемократските и социјалистички партии од Балканот, што под покровителство на ПЕС, ќе се одржи во Софија, Бугарија, на 5-ти јуни 2014 година.

sdsmSvedska (2)

Во рамки на посетата во Стокхолм, делегацијата на СДСМ се сретна и со претседателот на Шведската социјалдемократска партија, Стефан Левин, со кого вчера, на 24 мај, заеднични учестуваат во кампањата што се води за европските избори, во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски