Притвор за скопјанец осомничен за „трговија со луѓе“

Од:

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до Основното Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лицето Р.С.(23) од Скопје осомничен дека сторил кривично дело „трговија со луѓе“.

Од страна на полициските служби на Романија на 23.05.2014 година, соопшти денеска МВР, преку СМС доставена е информација и барање за лоцирање, односно пронаоѓање на лицето К.С.(20) од Романија, за која постоеле основи на сомневање дека е потенцијална жртва на трговија со луѓе односно дека присилно е држена од страна на пријавениот на територија на Република Македонија. По преземени оперативно тактички мерки, тој ден романската државјанка е пронајдена во домот на кривично пријавениот во село Кондово, при што со неа е извршен службен разговор во кој посочила дека со пријавениот се запознала во текот на октомври 2013 година во Бон, Германија каде што тој повремено престојувал и работел, кај своите роднини.

Во наведениот временски период пријавениот и оштетената биле во љубовна врска, по што со лажно ветување за брак на 22 февруари 2014 година двајцата со автобус тргнуваат од Германија и остваруваат легален влез во Македонија. По пристигнувањето, пријавениот, романската државјанка ја сместува во семејната куќа во село Кондово. На 24.02.2014 година во просториите на Полициската станица во Ѓорче Петров – Скопје, тој пријавува туристички престој и веднаш потоа и ја одзема нејзината лична карта и мобилниот телефонски апарат со германска СИМ картичка кој го поседувала. Откако К.С. била сместена во една од собите во семејната куќа, била запознаена со членовите на семјството на пријавениот, меѓу кои и со неговата невенчана сопруга. Во наредниот период од страна на пријавениот таа била присилувана на вршење домашни работи и сексуални односи со него по што останала бремена. Доколку од страна на жртвата била искажана непослушност или одбивање да ги извршува наведените работи, стои во соопштението од МВР, таа била вербално и физички малтретирана и тепана од страна на пријавениот. Во текот на нејзиниот престој во куќата таа не смеела да излегува без негова придружба, а во неколку наврати од страна на пријавениот, под негова контрола и било дозволено преку скајп да контактира со нејзината сестра во Романија, на која во еден наврат успеала да и прати кратко известување на романски јазик, дека е физички малтретирана од страна на пријавениот, оти неможе да си дојде дома поради немање лични документи, како и дека е бремена и најверојатно ќе проба да се самоповреди бидејќи не сакала да ја задржи бременоста, за што од страна на пријавениот не и било дозволено да посети лекар. Покрај физичкото малтретирање, пријавениот често пати ја заплашувал со физички казни, со закани по животот на нејзините блиски во Романија и Италија, па дури и со закани по нејзиниот живот.

На 23.05.2014 година, Р.С. откако претходно е повикан во полициска станица и извршен е службен разговор, тој е лишен од слобода, со потврда за привремено одземени предмети, одземена му е романска лична карта издадена на име на оштетената, како и пријава за туристички престој за странски државјани заведена на 24.02.2014 година.

На 24.05.2014 година врз основа на Судска наредба за претрес на дом и други простории, издадена од Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1 Скопје, извршен е претрес во домот на пријавениот, при што пронајдени и со потврда привремено се одземени предмети во сопственост на оштетената. На пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски