Екипата на КПР по една сезона одиграна во Чемпионшип дивизијата (ранг зад Премиер лигата) се врати во најквалитетното натпреварување во Англија. Во финалето на плеј офот фудбалерите на КПР го победија Дерби Каунти со 1:0.
Стрелец на единствениот гол на дуелот што се одигра на „Вембли“ во Лондон беше Боби Замора во 90-тата минута. Успехот на популарните „полицајци“ е поголем бидејќи од 60-тата минута играа со играч помалку откако Гери О‘Нил доби црвен картон.
Покрај КПР во Премиер лигата пласман обезбедија Лестер и Барнли (прво и второ место во Чемпионшип), додека Премиер лигата ја напуштија: Фулам, Кардиф и Норвич.