Истражување: Над 77 насто Македонци сакаат влез во ЕУ без отстапки за името

Од:

Во однос на перцепцијата на граѓаните за напредокот на Македонија во ЕУ, над 77 насто од етничките Македонци даваат поддршка на членството во ЕУ, но без отстапки за името, додека 75 насто од етничките Албанци се „за“ членство во европското семејство, дури и со отстапки.

Ова се резултати на истражувањето „Перцепции за состојбата со судирот на интереси и проценка на напредокот на Македонија во Европските интеграции“ кое го спроведе Институтот за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје.

Според резултатите, речиси половина од испитаниците сметаат дека Македонија не е подготвена за членство во ЕУ. За 55 насто од етничките Македонци главната причина поради која Македонија не е дел од европското семејство е дека соседните држави го попречуваат влезот, а наспроти тоа за 48 насто од етничките

Албанци е неостварувањето на домашните реформи.

Во поглед на конкретните конфликти на интереси и коруптивноста, 65% од испитаниците сметаат дека процесот на вработување во локалната администрација е отворен и достапен само за луѓе блиски на партијата на власт.

Речиси половина од испитаници се изјасниле дека тендерите во општините се доделуваат неправедно, а 33 насто сметаат едка непотизмот во локалната администрација е многу чест случај.

Истражувањето е спроведено во март на 1.600 испитаници.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он