Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод 23. Мај, Националниот ден на Власите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на влашката етничка заедница им го честита празникот 23. Мај, Националниот ден на Власите.

– Денешниот ден е многу значаен за Влашката заедница, бидејќи 23. Мај претставува афирмација на нивната култура и традиција. Власите со својата трудољубивост, богата култура и општествено делување претставуваат нераскинлив дел од историјата на нашата држава. Тие имаат значаен придонес во градењето на единство, меѓучовечко разбирање и хармонија во нашето општество, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ до Влашката заедница.

Нека ваквите празници, се додава, бидат повод за заедничка заложба за благосостојбата и просперитет на нашата држава.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му