Во акцијата за помош на настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина се вклучија и лицата со посебни потреби од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“ од овој град.
– Лицата со ментален хендикеп од нашиот Центар со многу љубов ја подготвија оваа донација и со тоа ја покажаа својата хуманост. Се работи за патики за мали деца, пижами, јакни. Во такви услови знаеме дека се е потребно и секоја помош е добродојдена, изјавија денеска од Центарот.
Тие потсетија дека пред околу 20 години Неготино беше зафатено од голема елементарна непогода поплава и неготинчани многу добро знаат што значи помошта во таквите моменти.