Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) подготвува пакет финансиска помош за отстранување на последиците од катастрофалните поплави во земјите од Западен Балкан.
Банката планира да го поддржи обновувањето на локалните претпријатија и реконструкцијата на инфраструктурата во регионот. Помошта од ЕБОР ќе биде обезбедена во соработка со други меѓународни финансиски организации.
Претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти денеска пристигна во тридневна посета на Белград, каде ќе разговара со претставници на српските власти за нивните планови околу отстранување на последиците од поплавите.
Тој изрази длабока жал за природната непогода, која доведе до човечки жртви, како и восхит од храброста и несебичната помош на луѓето во овој тежок период.