Либиското МВР со поддршка за генералот Хафтер

Од:

Либиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека го поддржува нападот на поранешниот генерал Халифа Хафтар против исламистичките законодавци и екстремистички милиции, соопшти државната агенција ЛАНА.

Во соопштението на министерството се наведува дека ја поддржува офанзивата на генералот, што Владата го оцени како обид за државен удар.

Главниот командант на либиските воздухопловни сили објави поддршка за офанзивата на поранешниот генерал Халифа Хафтер против пратениците исламисти и против екстремистичките милиции.

Полковник Гомаа ал Абани тоа го изјави во телевизиско интервју. Според него така „нова Либија“ ќе стане незаменлив учесник во борбата против тероризмот и насилството, истовремено повикувајќи го народот да ја поддржи армијата.

Либиската нацинална армија, како што се нарекува групата на Хафтер почна офанзица со напад врз исламистичките милиции во источниот град Бенгази во петокот. Во неделата милициите, лојални на Хафтер, го нападнаа и парламентот во Триполи, прогласувајќи го за распуштен.

Вчера либиската изборна комисија објави дека се закажани парламентарни избори за 25 јуни, за што подолго време инсистираат поголемиот дел од Либијците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски