Се помалку тинејџери користат Фејсбук

Од:

Финансискиот извештај на Фејсбук, освен заработката за минатата година, покажува и дека тинејџерите ја напуштаат оваа социјална мрежа, пишува Business Insider.

Финансискиот директор Дејвид Еберсман, вели дека е тешко да се измери нивото на присутност на младите на Фејсбук, но додава дека лани е забележан значителен пад на дневните посети меѓу тинејџерите.

– Не знам колку е ова важно за Фејсбук, но одлучивме информацијата да ја споделиме со јавноста, бидејќи во последно време добивавме многу прашања поврзани со младите, истакна Еберсман.

Тој додава и дека ситуацијата не е проблематична во САД, каде речиси секој тинејџер има профил на најголемата социјална мрежа.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он