Огревно дрво по ниски цени се извезува во Грција?

Од:

Илјадници кубици огревно дрво се извезуваат за Грција од фирми блиски на Македонски шуми, објавија порталите Скај и ОхридСкај.

Само во изминатите два дена извезени се повеќе од 5.000 м3 огревно дрво за Грција по цени далеку пониски од тие на домашниот пазар. Просечната цена е 24-28 еур по метри кубни  за  даб и бука.

Само од Битола, велат, 30 шлепери дрва со 2.000 метри кубни се веќе во Грција.

Огромни парцели дрва се сечат и изнесуваат  и од Ресен и Љубојно

Спрема информациите на  ОхридСкај , Македонски шуми од своите подружници во Македонски Брод , Демир Хисар и Кичево оваа недела извезле 12.000 метри кубни огревно дрво за Грција.
Извозот трае со несмаелен интензитет од сите подружници на југот на Македонија.

Според порталите,  до денес се извезени неколку десетици илјади кубици дрва по  цена за  30% пониска од малопродажната во Македонија.

Шлеперите со огревно дрво редовно се утовараат во подружниците на Македонски шуми, велат порталите.

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД

Германците навалија на „Смедеревац“ печки на дрва и камини – се чека и по една година

А1он

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска