Експлозии и истрели од тешко оружје утрово се слушаат од две локации во либискиот главен град Триполи.
Според очевидци, неколку силни експлозии се случиле во касарните во населбата Салахедин. Се уште не е позната причината за експлозиите.
Жителите на главниот град на Либија изјавија дека се слушаат истрели и во близина на воениот камп во предградието Таџура.